Даночните обврзници од Охридскиот регион, на 28 април ќе имаат можност да се запознаат со сите детали за електронското поднесување на даночни пријави. Обуката која ќе се спроведува во просториите на Општина Охрид,  ќе ја водат стручни лица од Управата за јавни прииходи. Таа ќе биде бесплатна за  сите заинтересирани, кои своето  учество ќе можат да го  пријават во Регионалната  дирекција  на УЈП во Охрид.

Воведувањето на Електронско поднесување на даночни пријави е дел од процесот за едноставен и безбеден начин на поднесување на даночните пријави. Од УЈП објаснуваат дека постојат неколку причини зошто да го користите системот за електронско поднесување на даночни пријави:

•    Без чекање на шалтери и заштеда на вашето време – просечното потребно време за поднесување на даночната пријава е 15 минути;
•    Поднесување на даночна пријава 24 часа/7 дена;
•    Намалување на човечки грешки – системот алармира доколку сте згрешиле при пополнување на даночната пријава.

OhridNews