Едукација на лицата кои се одговорни за производство на вино, селекција на виното во угостителските објекти, комбинација на виното со храна и протоколот на сервирање на виното е целта на обуката за сомелиери која денеска и утре ќе се одржува во Охрид.

Обуката која ќе ја води стручен тим на сомелиери од Камник хотел и винарија, ќе се одржува во хоелот Ројал Вју. Обуката е наменета за винарии со производство од мал обем, винарии кои имаат ресторани во своите објекти и угостителски објекти од регионот на Охридското Eзеро, кои се заинтересирани да обучат сомелиер како дел од својот тим.


Оваа обука е дел од Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (УНИДО) го имплементира заедно Охридскиот и Тиквешкиот Регион како и Министерството за Економија на Република Македонија. Со цел да даде свој придонес во подобрувањето квалитетот на услугите во туризмот и угостителството во Охрид, кој овој проект се приклучува и охридската локалана самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој.

OhridNews