Обука за современите концепции на средното образование се одржа во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.  Главен акцент на обуката се стави на новата улога на наставникот и новите стратегии за поучување и учење.  Главната цел на обуката беше да се зајакнат професионалните компетенции на наставниците во училиштата за средно образование за да бидат оспособени да реализираат современа настава (современи концепти за средното образование), согласно потребите на учениците и општетсвото, односно да  обезбедат квалитетно образование и да бидат лидери во училницата, подготвени да донесуваат одлуки, се вели во соопштението од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

За таа цел, треба наставниците да се оспособат да ги користат современите форми и стратегии во реализацијата на наставата што го поттикнуваат учењето со размислување, практичното учење, учењето преку откривање, дивергентното учење, критичкото и креативното мислење. Во овој контекст, зајакнувањето на професионалните компетенции  на наставниците значи стекнување на нови знаења и вештини, но и промена на свеста и добивање на желба за потребата од реализација на современа настава, која би била корисна за учениците и општеството во целина, се додава во соопштението.

Обуката се спроведе според програма која е сертифицирана од страна на Бирото за развој на образованието, а истата ја спроведе м.р.  Јане Цаноски, наставник по електро група предмети.

OhridNews

фото: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“