Како што се нагласува од страна на организаторите, обуката нуди ретка можност за обновување и усовршување на менаџерската функција. Во само два дена, на учесниците на обуката меѓу другото, им се нуди стекнување со вештини, како што се мотивирање при менаџирањето, постигнување подобри ефекти во менаџирањето, инспирирање на луѓето да дадат повеќе и да успеваат, вербална комуникација за привлекување нови и задржување на постоечки клиенти.
Организатори на обуката се фондацијата Бизнис инкубатор од Битола и Локалната агенција за развој од Струга.