Со цел да се подобрат вештините во делот на комуникација со гости и вработени кај жените менаџери на хотелски објекти, „Regent Hospitality“  во соработка со хотелиерските асоцијации, најавува одржување на обука во овој сектор.

 

-Под влијание на традиционалниот приод и сфаќањата на средината во која работи жената менаџер, хотелско угостителскиот бизнис не се разликува многу од другите стопански дејности. Оваа работна позиција, од аспект на полова диференцијација, на жената менаџер не би требало да и задава дополнителни потешкотии во работењето. Сепак, истражувањето покажува дека 70% од жените менаџери се стекнуваат со потешкотии и тоа токму во делот со комуникација како со гостите, така и со вработените. Посебно ова се забележува при справување со незадоволни гости. – велат од „Regent Hospitality“.

Обуките во Охрид ќе се одржат од 6 – 8 февруари.

OhridNews