Со цел навремено прилагодување на новините во даночното и финансиското работење, од УЈП со препорака обврзниците да ги посетат обуките за е-Даноци кои Управата за јавни приходи ги организира низ градовите во земјава.
Обуките ќе се одржат од 3- ти до 24- ти април, при што на еднодневното советување, сите заинтересирани лица (правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа), ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е-Даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи и др.