Земјоделците од Охридскиот регион кои сакаат да научат нешто повеќе за начинот на регистрација и паушално оданочување на земјоделците, ќе може да бидат дел од обуките кои ќе се одржат во петок на 5-ти декември 2014 година, во селата Долно и Горно Лакочереј.
На бесплатните обуки кои ги организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат презентирани детали за начинот на регистрација и оданочувањето на оваа категорија на обврзници. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на овие обуки треба да се пријават во подрачното одделение на УЈП во Охрид, најмалку два дена пред нивното одржување.
Вакви обука УЈП ќе организира и во други населени места во Република Македонија.
OhridNews