Во 3.30 рано утринава, судиите на претходна постапка ги напишаа решенијата со кои ги ослободуваат од притвор осомничените во случајот Титаник, јавува „Телма. Прв од Основниот Суд Скопје 1, каде што цел ден беше на распит, излезе градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, а по само половина час и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Двајцата заминаа со приватно возило, што беше знак дека барањето за притвор на специјалното обвинителство е одбиено.
Ниту тие ниту нивните адвокати кои со часови ги чекаа решенијата не сакаа да ги коментираат обвинувањата на обвинителството дека се вклучени во изборни нерегуларности на изборите во 2012-та.
Од осумтемина осомничени за кои се бара притвор, во текот на вчерашниот ден се појавија само четворица. Меѓу нив не беше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и секретарот на влада, Кирил Божиновски.
Се очекува во наредните денови во судот да се појават и останатите осомничени во првиот случај на специјалното јавно обвинителство.
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.