Советот на јавни обвинители со мнозинство од 8 гласа „за“ и само еден „против“ на претседателот Петар Аневски го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На седницата не присуствуваа членот Зоран Сулејманов и јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Барањето за мислење од Советот стаса минатата недела по одлуката на Владата да побара разрешување на Зврлевски.

OhridNews

Макфакс