Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство побара апелационите судии да го преиначат решението на кривичниот суд и на актерот Владо Јовановски да му биде изречена поблага мерка за обезбедување присуство, пренесува „Макфакс“.

 

Адвокатот Дончо Наков рече дека мотивот на судиите што му го определиле и продолжиле притворот е политички. „Што презело Обвинителството 40 дена додека Владо е во притвор?, праша адвокатот Наков и додаде: „Образложението на Вишото јавно обвинителство е 8 реда, со осум реда барате притвор“.

„Има ли човек што не го знае Владо? Не избегал 7 месеци, сега ли ќе бега?“, праша адвокатот, според кој сите докази за Владо Јовановски се на „Јутјуб“. „Има 94 снимки, во секоја секунда се гледа каде е Владо“, им рече Наков на судиите.

OhridNews
извор: „Макфакс“