Oбјавени конкурсите за доделување на стипендии за учениците од основните и средните училишта и студентските стипендии.

Општина Охрид за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на ученици од основните училишта. Стипендиите се однесуваат за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од основни училишта во Општина Охрид, за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од VI, VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, како и за посебни остварувања на ученици од прво до деветто одделение кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци, во текот на учебната 2022/2023 година. Повеќе информации на линкот.

Стипендии на ученици од средни училишта ќе бидат доделени за талентирани ученици од I, II, III и IV година од средните училишта во Општина Охрид, за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од I, II,III и IV година од средни училишта и за посебни остварувања на ученици од I, II, III и IV година кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022/2023 година. Повеќе информации на линкот.

Општина Охрид ќе додели и студентски стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година од Општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМ, за академската 2022/2023 година, кои живеат во потешки социјални услови и за редовни студенти на додипломски студии во I година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за академската 2022/2023 година, кои живеат во потешки социјални услови. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за 9 (девет)
месеци во текот на академската 2022/2023 година. Повеќе информации на линкот.

OhridNews