Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од конкурсот за прием на студенти во државните и приватните студентски домови за академската 2026/2027 година.

Истиот со одлука на Влада и МОН е затворен од 15/07/2026, но може да се потпишат договори и таму до 20-ти септември, посочија во соопштението.
Студентите можат да достават приговор во студентскиот дом каде што аплицирале за сместување. Рокот за доставување на приговорите е од денес, 15 септември, па се до 25.09.2026 година.
Од домот „Никола Карев“ информираат и дека е објавен конкурсот за студентите бруцоши. Тие не се опфатени со сега објавените конечни листи и за нив пријавувањето за сместување трае до 20 септември.
Н.С.Ј.











