Во најефикасниот натпревар сезонава, охридските „сино-бели“, со 5-0 ја совладаа Дрита и го забележаа петтиот триумф во второлигашката конкуренција. „Рибарите“, во дуелот со претпоследниот тим на табелата комплетно ја оправдаа улогата на фаворит, доминирајќи од почетокот до крајот на натпреварот. Со новите три бодови, Охрид, се проби помеѓу топ 4 и на најдобар можен начин ја најави пресметката со лидерот на табелата, екипата на Скопје.

Симоновски (3): Ново сигурно издание и празна мрежа на охридскиот голман. Добри проценки на нафрлените топки и интервенции при резултат 1-0.

Маркоски (3) – Цуцули (3) – Трпески (3): Одбранбеното трио на ниво како и секогаш. Репрезентативецот Маркоски добро се снајде во формација 3-5-2, а потоа и во 4-2-3-1. Цуцули командуваше во одбраната, а Трпески одигра нов добар натпревар.

Ариф (3,5) – Вељаноски (3,5): Најдобар меч на охридските бекови. (Ин)директни креатори на три од петте голови. Во одбрана сигурни и без ниту една грешка.

Алији (3,5) – Ѓорѓиески (3,5): Фудбалерите за врска најдобри во Охрид. Алији кој е мотор на екипата погоди за 1-0, а Ѓорѓиески реализираше за 2-0. Покрај головите, ја добија битката на средината од теренот и воспоставија голема контрола во текот на сите 90 минути.

Кочоски (3) – Дишлиевски (3) – Целески (3,5): Нападот активен и ефикасен. Кочоски и Дишлиевски, додека беа на терен констатно вршеа притисок на дефанзивците од Дрита, а Целески со два погодоци го заокружи натпреварот.

  • Измени:

Бакулески (3): Влезе во 64-та минута наместо Дишлиевски. Учествуваше во сите акции за головите и беше вистинско освежување за составот после влегувањето во игра.

Реџепи (3,5): Неговото влегување во игра во 74-та минтуа му даде нова димензија на Охрид. Реџепи со асистенција и гол беше еден од главните алки во убедливиот триумф на „рибарите“.

Ристески (3) – Наумовски (3): Влегоа во финишот, но имаа доволно време да поделат по една асистенција за погодок. Фудбалерите под 21 година полека, но сигурно се наметнуваат за прв избор во составот.

Марино Маркоски (3,5): Добро ја подготви тактиката. Во текот на мечот ја смени формацијата и не дозволи Дрита да се закани. Измените во второто полувреме ја променија играта и го скршија противникот.

 

OhridNews

 

Охрид ја надигра и совлада Дрита

Бурхан Алији: Среќни сме за победата, да продолжиме во ваков ритам