Охридскиот Колибри претпре пораз на гостувањето кај Лирија со 84-77 во мечот од третата кошаркарска лига. Според тренерот Весна Балазоска, очајното судење е главниот фактор поради кој охриѓани дома се враќаат со празни раце.
–
Судиите не ни дозволија да играме. Во текот на мечот само за една страна постоеа прекршоци, чекори.Посебно сум разочарана што се работи за двојката Антовски – Михајловиќ кои се на перспективната листа на МКФ. – вели Балазоска.
Таа исто така имаше серија забелешки на делегатот на мечот кој не ги испочитувал правилата на МКФ.
–
Според пропозициите мора домаќинот да го снима натпреварот, и доколку има некоја забелешка тоа ЦД да се проследи до канцелариите на МКФ. Но тоа не важи во Чаир. И покрај нашето инсистирање да поднесеме пријава против судиската двојка и немањето на снимен материјал, делегатот не упати да се жалиме во МКФ, а не кај него. На жалост тое а сликата на останатите терени, додека во Охрид делгатите бараат се` да биде според пропозиции и секогаш гостите се тие кои се заштитени, додека нашиот третман како гости е повеќе од разочарувачки – истакнува Балазоска.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com