Македонскиот футсал првак Железарец претрпе очекуван пораз во првата рунда од футсал купот во Братислава, Словачка. Португалскиот шампион Спортинг со 5-1 го совлада Железарец не дозволувајќи никакво изненадување.


Кумахара и Кардинал по два пати и Педро Кари еднаш погодија за португалците, додека почесниот погодок  за Железарец беше дело на Љубомир.

Во втората рунда Железарец утре игра против домаќинот Слован Матик.

М.П.