Македонската ракометна репрезентација претпре очекуван пораз со 29-22 од репрезентацијата на Унгарија. Седмопласиранта селекција од последниот планетарен собир беше преголем залак за избраниците на Звонко Шундовски, кои настапија без повредениот капитен Кире Лазаров.


Очајно слабото прво полувреме кое го загубивме со 16-6 беше одлучувачко во поразот, во вториот дел се консолидиравме и успеавме да извлечеме чесен пораз.

– Лошо го отворивме натпреварот игравме деконцентрирано споро во нападот, неагресивно во одбраната. Против една селекција како Унгарија тешко е да се вратиш во мечот по толкава негатива. По овај пораз нашите не се намалуваат, за нас останува клучен  мечот со Бих на домашен терен -рече селекторот Шундовски.

Во останатиот натпревар во нашата група Естонија ја победи Бих со 35-30. Во наредното коло  в недела Македонија и гостува на Унгарија.

М.П.