Англискиот премиерлигаш Арсенал повлече очекуван потег разрешувајќи го швајцарскиот фудбалер Гранит Џака од улогата капитен на екипата. Информацијата ја пренесе менаџерот Унаи Емри.

Причината за разрешување е бурната реакција на Џака при излегувањето од игра на мечот со Кристал Палас на Емирати. Симпатизерите на „топчиите“ го исвиркаа Џака а тој во знак на револт го фрли дресот после напуштањето на теренот. Подоцна, Швајцарецот се извина преку официјално соопштение кое го пренесе клубот.

За капитен на екипата назначен е Пјер Америк Обамејанг. Тој претходно беше замена за Џака а сега доби можност да биде „главниот“ во тимот.

После надминување на случајот Џака, „топчиите“ можат комплетно да се насочат кон мечот против Виторија Гимараеш во рамките од Лигата на Европа.

OhridNews