Од 1 февруари се планира враќање на администрацијата на работа во комплетен состав и со полно работно време
23.01.21 12:13
Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информира Владата.
За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести, пренесува националната агенција „МИА“.
Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.
Денес во Вевчани со почеток во 16:00 часот во спортското двориште, по втор пат ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери) Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓа...
Во Охрид се одржа дводневна медиумската студиска тура и работилница, во организација на KfW заедно со Министерството за образование и наука, како партнер во спроведувањето на проектот и Делегацијат...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:00 часот без вода ќе бидат корисниците од село Трпејца, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.