Со одлука на Министерството за транспорт и врски на 1 јули се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, со која се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, известува АМСМ. 

– Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
– Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.-информираат од АМСМ.

На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули 2014 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. 
Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. 

Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2014 година. 

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувањата предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото. 

OhridNews