Согласно законот за даночна постапка, почнувајќи од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци.
– Заради навремено усогласување со законските обврски и новините во даночното работење, им препорачуваме на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на системот е-Даноци, велат од Управата за јавни приходи.
Тримесечните ДДВ обврзници кои се веќе регистрирани на стариот систем на е-Даноци задолжително треба да извршат миграција кон новиот систем.












