Од 1-ви јануари охридското даночно одделение на Управата за јавни приходи ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.
-Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, се вели во соопштението на УЈП.
Продолженото работно време за регионалните дирекции на Управата за јавни приходи во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1-ви октомври.
OhridNews