Согласно одлуката на министерството за транспорт и врски,ограничувањето за чамци е за периодот од 01 јули до 31 август во времетраење од 21,00 до 05,00 часот секој ден, од 01 септември до 31 октомври во времетраење од 19,00 часот до 06,00 часот секој ден, од 01 ноември до 31 март во времетраење од 17,00 часот до 06,00 часот секој ден, и од 01 април до 30 јуни во времетраење од 19,00 часот до 06,00 секој ден.
Ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за периодот до 31 август во времетраење од 11,00 до 19,00 часот секој ден.
Од одлуката, изземени се чамците и скутерите наменети за јавни потреби за вршење инспекциски, царински и полициски надзор како и чамците кои ги користи субјектот на кој му е дадена концесија за стопански и рекреативен риболов како и за чамците за стопански цели – превоз на патници.
Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се констатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани.