Од Фондот потенцираа дека во однос на 2009 година, годинава се овозможени три пати повеќе лекови без доплата, без трошок на осигурениците. Опфатени се нови 61 лек кои од 1 октомври ќе имаат намалени единствени цени во аптеките. Вкупниот број на лекови без доплата и доплата до 100 денари сега изнесува 772 што претставува 75 проценти од сите лекови на позитивната листа. Измените на цените на лековите кои паѓаат на товар на ФЗОМ доведуваат до директна заштеда на осигурениците од 77 милиони денари, информираат од Фондот, а намалените цени на лековите направија и системска заштеда од 90 милиони денари, односно овие заштедени средства остануваат во здравствениот систем за потребата за лекови.
Од ФЗОМ соопштуваат дека намалени се цени на антибиотици, лекови кои се однесуваат на почувствителни категории на осигуреници, хормонски препарати и други.