Од 1-ви септември единаесет најголеми градови во земјава меѓу кои и Охрид, ќе имаат постојано аптека на располагање во ноќните часови.

Дежурствата ќе ги организира Фармацевтската комора, односно аптеките во тоа подрачје за секој град, а Фондот преку подрачните служби ќе  ја следи состојбата.

Во останатите градови, меѓу кои и Струга, ќе има дежурства, но не со отворена аптека,  туку со аптека на повик.

OhridNews