
Програмата на „Струшката музичка есен“ е посветена на промоција и развој на македонската музика и научна работа. Целта на манифестацијата е создавање нови можности за изразување, истражување и промоција на традиционалните и современи музиколошки, етномузиколошки и етнокореолошки истражувања, како и на развивање научни мрежи како врска за промоција на културна размена.
СОКОМ веќе 30 години ја организира оваа манифестација, која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
OhridNews











