Од 13- ти септември, Центарот за култура Григор Прличев почнува со редовните филмски проекции во чии рамки се најавува богата и разновидна програма од најновата светска филмска продукција.

Проекциите ќе почнат со анимираниот цртан филм Rango (2011), кој ќе може да се види од 13- ти до 16- ти септември.

Од 20- ти септември ќе се прикажува филмот Special gift (2011), по што ќе следат и прокециите на No Strings Attached (2011),  како и вториот дел од светскиот хит Harry Potter and the Deathly Hallows  (2011).

Почетокот на филмските проекции е во 20 часот, а влезот е 100 денари.

OhridNews