Од 15 март ќе поевтинат 202 лекови. Од нив 60 отсто се наоѓаат на позитивната листа, а 40 отсто пациентите сами ги плаќаат.

– Секое намалување на цените на лекови ја намалуваат и доплатата, затоа што таа е разлика од референтната и максималната цена. Со тоа што се намалува максималната цена, автоматски се намалува и доплатата“, изјави денеска министерот Тодоров.

Меѓу лековите на кои ќе им се намалат цените ќе бидат Тродонот од 50 милиграми, Ланзул од 15 милиграми, Ататек од 10 милиграми .

OhridNews
Makfaks