2006 година ја одбележаа повеќе настани кои силно влијаеа на светот и во местата каде се случија. Некои од нив донесоа значителни промени кои целосно го променија секојдневното живеење и навиките на луѓето. Некои работи кои не носат ништо добро во светот, за жал, постојано се повторуваат, како војните.

Во 2006 година насловите на медиумите во светот ги полнеше Ирак и егзекуцијата на некогашниот моќен лидер на таа земја Садам Хусеин. Науката, пак, го смени мислењето за Плутон и го деградираше од планета во Сончевиот систем. Медицината извојува револуционерна победа во областа на корективната хирургија, откако успешно беше извршена првата трансплантација на лице на жена. Италија по 24 години се врати на фудбалскиот трон, победувајќи на Светското првенство во Германија. Google во 2006 година ја најави интернет револуцијата која ќе го промени светот. Глобалната интернет компанија за 1,65 милијарди долари, тогаш го купи видео стриминг сервисот You Tube. Интернет револуцијата стигна и кај нас, во полето на информирањето и медиумите. На 7 декември, пред 13 години, беа објавени првите вести на Првиот информативен портал во Македонија „ohridnews.com“, по што информирањето повеќе не е исто.

 

Во 2006 година само околу 10 проценти од населението во Македонија сурфаше на интернет. Традиционалните медиуми беа се’ уште главен извор на информирање, а онлајн медиуми во земјава пред „ohridnews.com“ не постоеја. Денес интернетот за многумина е прв извор на информирање. Онлајн е речиси секој граѓанин на земјата, а информациите се подостапни од било кога. Неофицијално во земјава постојат над 350 онлајн медиуми, во градот дузина, но OhridNews остана препознатлив симбол на објективно и професионално информирање со висок степен на доверба. Потврда на тоа се илјадниците верни читатели и бројните задоволни клиенти кои веќе 13 години со успех ги промовираат своите услуги и производи на креативната платформа на OhridNews.

Порталот интензивно работи на платформата на англиски јазик, која целосно е ребрендирана и модернизирана. Во фаза на подготовка е и печатеното издание на Годишната ревија на настани во која покрај случувањата кои ја одбележаа годината што изминува, ќе бидат поместени и успешните охридски приказни. Промоцијата ќе се случи на 24 декември, а четири дена подоцна, на 28 декември, во продукција на OhridNews подгответе се за  најголемиот музичко сценски спектакл, „Зимска бајка“, која годинава доаѓа во филмско пакување.

Се читаме,
Ваш OhridNews