Од 31-ви мај македонските граѓани ќе можат да летаат директно од Скопје до Гетеборг, најавуваат од најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа, Виз Ер.

Според потпретседател на Виз ер, Џон Стивенсон, денешната најава преставува уште една добра вест за локалниот туризам и за жителите на Скопје.
„Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за нашите шведски клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Визер. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор. Никогаш од Скопје не можело да се лета до толку дестинации со нискотарифни билети. Со нашата љубезна услуга, чест ни е што ние во Визер ќе можеме да понудиме многу повеќе на патниците од Македонија.“ – изјави Стивенсон.
Инаку, до Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17:20 часот, со воздухоплов од типот Аирбус А320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.
OhridNews












