На 4-ти април во оптек ќе биде пуштена новата банкнота од 50 евра, која според најавите ќе биде украсена со портретот на божицата Европа од грчката митологија, а ќе има и подобра заштита со што би се отежнало фалсификувањето.

Ќе има и прозорче кое што ќе станува транспарентно кога ќе се сврти кон светло. Заштитно обележје на банкнотата е и бројката, која ќе менува боја кога банкнотата ќе се наведне.

Во првата фаза се очекува да бидат пуштени 5,4 милијарди евра.

OhridNews