Мото центар „Амбасадор“

Од 05.12.2021 - 10:00 до 19.12.2021 - 19:00

Од 05.12.2021 се до 19.12.2021 година, секој работен ден од 10-19 часот, во просториите на Mото центарот ќе се одржи изложбата на фотографии на кои се прикажани мотоцикли од 50-те години. Во соработка со Историски Архив Охрид и директорот на институцијата Никола Митровиќ, започнуваме една интересна изложба. Се работи за фотографии и случки од минатото кои се документирани низ фотографијата, велат од Амбасадор Мото Центарот.

Какви мотори се возеле низ нашиот град во минатото? Кои се фраерите/убавиците на веспа на изложените фотографии? Дали во минатото се одржувале трки низ Охрид и на кои локации? Мноштво прашања на кои ќе се обидеме заедно да дадеме одговор. Кои од луѓето ќе се себе-препознаат или ќе посочат за кои личности се работи, какви модели се возат на самите фотографии? Охрид, низ историјата, впрочем како и сега, будел насмевки и воодушевување не само заради својата убавина, туку и стилот на живеење. Да се потсетиме на едни убави вредности. Воедно, ги замолуваме сите граѓани кои имаат некакви фотографии од минатото со мото-мотиви, да ги донесат и споделат со нас додека трае изложбата или да ги донираат во архивот како спомен на една урбано минато, велат од Амбасадор Мото Центарoт.

Директорот на Охридскиот Архив, Митровиќ, вели дека ваквите урбаните изложби претставуваат посебен тренд во архивистичкото работење и овозможуваат поголема блискост со посетителот на Архивот.

Изложбата ќе се одржи со почитување на Ковид протоколи.

OhridNews