Со новите измени кои ги воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, од 8 јули, 85 лекови од позитивната листа стануваат подостапни за 250.000 осигуреници кои ќе може да ги подигнуваат на поедноставен начин.
Новината во првиот сегмент е менување на режимот на пропишување од лек за употреба во болнички услови во лек кој може да се издава на рецепт во примарна здравствена заштита. За 10 лекови по генерика односно 16 заштитени имиња на лекови направени се промени и се префрлени на примарната листа, односно осигурениците во аптека веднаш ќе можат да си ги подигнат на товар на Фондот без да се оптоварува и буџетот на болницата и да се прави непотребно талкање на осигурениците до болница во и надвор од местото на живеење, но и да се укинат рефундациите.
Од болничка на примарна позитивна листа се префрлуваат лекови за епилепсија (oxcarbamazepin (Trileptal,Oxalept), кои ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака од специјалист или субспецијалист, за паркинсонова болест (levodopa,carbidopa,entacapone (Stalevo), антидепресиви (venlafaxine (Velafax,Velahibin,Zanfexa) кои ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака од специјалист, за трансплантација на органи и ткива (itraconazole(Orungal) кои сега ќе може да ги пропишува избран лекар по препорака клинички конзилиум и за автоимуна невромускулна болест мијастенија гравис (pyridostimine (Mestinon).
Втората измена се однесува на тоа дека лековите ќе може да ги пропишува избран лекар без претходна препорака од специјалист или субспецијалист. Придобивка за осигурениците е дека ќе се скрати и времето кое што досега беше потребно да се добијат овие лекови на рецепт на товар на Фондот. Особено за осигурениците кои досега требале да патуваат до здравствените установи од повисоко ниво во други градови, а сега ќе можат само со посета на избраниот лекар да добијат рецепт за овие лекови.
Ваква промена, извршена е кај 13 лека по генерика со фармацевтска дозажна форма и јачина, односно кај 69 заштитени имиња е извршена ваква промена.
Лековите опфатени со оваа измена се од групата на антибиотици азитхромѕцин (Sumamed,Azibiot,hemomycin,Azatryl, Azitromicin,Azimed) и clarithromycin- fromilid,Lekoklar,Klaricin,Uniklar, Zymbaktar,Meristat,Claritromycin, кои ќе може да ги пропишува и избран општ лекар без препорака од специјалист, лекови за: третман на желудник (pantoprazole(Controloc, nolpaza, zipantola,acipan,Gastroloc, Pantoprazol farmoz) кој наместо по препорака од субспецијалист – гастроентерохепатолог ќе може да ги пропише избраниот лекар, за висок крвен притисок и срце (bisoprolol(Concor, Bisobel,bipresso,bisoprolol,byol, bisocor) кој ќе може да го пропише избран лекар наместо по препорака на специјалист интернист или субспецијалит кардиолог и против вртоглавица (cinnarizin – cinedil, stugeron,cinarizin).
OhridNews