
„Се надевам дека тој што го сторил тоа, знаел што прави“ рекол управникот на аквариумот во Берген, Кеес Оскар Екели, изнесувајќи претпоставка дека младиот крокодил е прокриумчарен во торба во текот на саботата кога имало најмногу посетители. Украдениот крокодил со име Таген е 70 сантиметри долг кајман, познат и како Шнајдеров џуџест кајман.
Таген дневно јаде обилна мешавина од риба и месо и може да порасне до 2,5 метри. „ Има прилично остри заби и гризе силно. Со оглед на неговата големина, можете да ги изгубите прстите, но не и виталните органи“ рекол Екели. Управникот на аквариумот се плаши дека четиригодишниот рептил има слаби изгледи да преживее надвор од своето живеалиште во аквариумот, и дека веројатно ќе умре од стрес.
Кражбата е пријавена во полиција. „Понудивме награда од 25 000 норвешки круни (околу 4900 американски долари) за информација која ќе доведе до пронаоѓање на крокодилот“ додал Екели.
Ohridnews
 
					



 
							







 
					