Од почетокот на месец април, охридскиот Центар за јавно здравје ќе врши испраќање на резултати од наоди на микробиолошки анализи по електронски пат до пациентите кои тоа ќе го побараат. Наодите преку интернет ќе може да ги добиваат и матичните лекари.
– Со тоа очекуваме дека и самото дијагностицирање и лечење ќе бидат побрзи, поефикасни и поекономични и во секое време и матичниот лекар и пациентот ќе може побрзо да дознаат каков е наодот. Пациентот ќе треба во приемното одделение да пополни соодветна согласност, што ќе биде наша насока на кој пациент да му се достави наодот по електронски пат, обајснува Сашо Точков од Центарот за јавно здравје.
За да добие наод преку интернет пациентот треба претходно да биде уредно примен со поребната документација, упат од матичен лекар, доказ за здравствено осигурување и платена партиципација .
OhridNews