Граѓаните кои живеат на бул. „Туристичка“ во околината на х. „Дончо“ реагираат на големата концентрација на хлор во водата за пиење.

-Од чешмите како да тече млеко, а водата кога ќе се одхлорира има чуден вкус и остава траги во чашите, велат граѓаните.


Од чешмите потече млеко

Од Заводот за здравствена заштита велат дека водата во градскиот водовод редовно се испитува и дека таа е исправна за пиење.

Резултатите покажуваат дека водата е безбедна, здравствено исправна и може да се користи за пиење, изјави Сашо Точко од ЗЗЗ-Охрид.

Тој посочи дека месечни контроли  се вршат и на водата од јавните чешми кај  ОУ „Григор Прличев“, пазарот и „Туристичка“, кои што масовно се користат од граѓаните и дека сите тие имаат безбедна и исправна вода за пиење.

Се следи состојбата и од Билјанините извори, а анализите од јануари до денес покажуваат дека водата таму исто така е со добар квалитет и нема никакво микробиолошко загадување, додава Точко.


водата е исправна тврдат надлежните од ЗЗЗ-Охрид

Зошто во одредени делови на градот водата е со исклучително голема концентрација на хлор по завршување на продолжениот празничен викенд одговор ќе побараме од МЈП „Проаква“.

Ohridnews