Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 см. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено, информира УХМР Македонија.
Врнежи од снег се очекуваат веќе од утре наутро на повисоките места во западните и северните делови од земјата. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 5 степени Целзиусови.
Во четврток ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. Попладне ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната од 0 до 7 степени.
Облачно и студено време со врнежи од снег не очекува во петок, особено претпладне и на истокот од земјава. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. И минималната и максималната температура ќе бидат во минус и ќе се движат во интервал од -9 до -3 степени целзиусови.
Во сабота времето ќе биде умерено облачно и многу студено со засилен северен ветер. Минималната температура на места ќе се спушти до -17 степени, а максималната ќе се движи во интервал од -12 до -15 степени Целзиусови.
OhridNews