Во понеделник и вторник времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северозападен и источен правец. Максималната температура во Охрид ќе биде 21 степен, а минималната 6 степени.

Во среда се очекува сончево време и посвежо со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе има и локален дожд. Максималната температура ќе биде до 16 степени, а минималната 5.

Во четврток ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Дневната температура во Охрид ќе биде 7 степени, а минималната 4.

OhridNews