Македонија денес и за време на викендот ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Локално ќе има појава на невреме со обилни врнежи, над 30 литри на метар квадратен, град, силни електрични празнења и силен ветер. Дневната температура ќе се движи од 17 до 25 степени.

Управата за хидрометеролошки работи препорачува во случај на појава на
електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени
дрвја.

OhridNews