Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информираат дека од денес, 1 јуни, на паркинзите со кои стопанисува ова јавно претпријатие, ќе се применуваат нови-сезонски цени.

  • Започнуваме со наплата на паркирањето согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август), велат од претпријатието.

Според одлуката, цената за паркирање во Зона А ќе чини 40 денари за час, во Зона Б 30 денари и во Зона премиум 100 денари.

OhridNews