Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Царина – спој со патен правец Охрид – Свети Наум информираат дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега.
Регионалниот патен правец од 3ти август кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17 часот патниот правец ќе биде отворен за сообрајќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообрајќајна сигнализација.Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообрајќај во девете насоки, информираат од ЈУ Национален парк Галичица.
Воедно од Јавната установа Национален парк Галичица ги честитаат претстојните празници.
OhridNews












