Од денес до 11 март на полноќ, Избирачкиот список е отворен за увид. Во овој период гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот. На списокот ќе се најдат сите лица кои на денот на изборите наполниле 18 години.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.817.028 граѓани.

Денес почнува и собирањето на 1000 потписи за кандидати за пратеници. Новина е тоа што покрај во подрачните одделенија на ДИК, потписи може да се собираат и пред надлежен нотар. Кандидатските листи за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна до 12 март на полноќ.

OhridNews