Од денес до 26-ти јануари, во периодот од 9 до 15 часот, во КИЦ „Култура 365“ повторно се организира акцијата „Недела на книгата“. Секој оној што ќе го посети Културно-информативниот центар ќе добие книга на подарок. Овојпат станува збор за книгата „Децата на Марија“ од струшкиот писател Петко Шипинкаровски.
Авторот ќе биде присутен во КИЦ „Култура 365“ в четврток, 23-ти јануари, во периодот од 13 до 14 часот за сите оние кои сакаат да се сретнат со авторот или да добијат автограм на својата книга.
Романот „Децата на Марија“ има историска содржина, а го опфаќа периодот на Првата светска војна и интернацијата на жителите од Мариово од страна на окупаторските војски.
OhridNews