Од денес, пријавите за прекувремена работа, ноќна смена и работа на државни празници за вработени, работодава;ите ќе можат да ги доставуваат до Државниот испекторат за труд и по електронски пат на е-маил адресата [email protected]
Како што објасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, на посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд.
Од надлежното министерство потенцираат дека целта на елекстронското пријавување , покрај административно олеснување, е и овозможување поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, но и овозможување поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот.












