Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Сончево и топло време ќе имаме и во наредните три дена, а во пораст ќе бидат и дневните температури.


OhridNews