Денес на граничниот премин „Блаце“ со пригодна свеченост беше означено стапувањето на сила на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти. Спогодбата беше склучена на почетокот на годинава во Приштина, а денеска – 17 април 2016 година истата се ефектуира.

Со оваа спогодба идентично како и со веќе постоечките такви меѓудржавни акти со соседна Албанија, Србија, потоа со Црна Гора, државјаните на Република Македонија и на Република Косово ќе можат државната граница да ја минуваат и со лични карти.

OhridNews