Од денес па секој ден натака на оваа интернет страница единствена од ваков тип во Охрид и Струга, се поставуваат атрактивни и ексклузивни понуди на производи и услуги со големи попусти, дури до 90%. Заинтересираните корисници за услуги од ресторани, кафулиња, дискотеки, бутици, СПА и фитнес центри, стоматолошки ординации, фризерски салони и салони за убавина, културни и спортски настани, курсеви за јазици и други услуги и производи ќе ги добиваат по неверојатно голем попуст. Заинтересираните за понудата веќе од денес можат да добиваат купони доколку понудата е успешна, односно ако го достигне минимумот купувачи одреден за конкретната понуда.
Со цел да се обезбеди максимална сигурност на трансакциите, УНИ Банка што е ангажирана за финансискиот проток ја нуди услугата електронска трговија. Банката има имплементирано заштитен механизам кој овозможува 100 % сигурност и заштита на уплатените пари од купувачот.
“Сепак во врска со безбедноста и заштитата на клиентот,треба да се потенцира дека во моментот на плаќањето купувачот се пренасочува кон заштитена веб страна на платежниот портал и на таа страна се внесуваат потребните податоци за платежната картичка, со што реално трговецот, на чија веб страна се купува, нема никакви податоци во врска со картичката , како што се бројот на картичка,cvv кодот, датата на важење на картичката и сл.“, рече на денешната презентација на сајтот, одговорниот референт за електронска трговија во УНИ Банка, м-р Верица Серафимова, додавајќи дека уплатата може да биде со дебитна или кредитна картичка од секоја банка што функционира во државава.
Бенефитот од ваквиот начин на купување е двостран и за купувачите и за продавачите (трговците). Првите добиваат неверојатно евтини, а квалитетни услуги односно производи, а вторите поголем профит од зголемената потрошувачка и промоција, односно афирмација на нивниот бизнис.
– Не пропуштајте ги понудите! Од денес и вие станете пријатели на kelepur.mk, како и на facebook.com/kelepur и бидете дел од новиот концепт за онлајн- купување. Пазарете по евтини цени и почувствувајте ја моќта на групата што носи вистинска револуција во денешното потрошувачко oпштество. -порачуваат од новата он-лајн компанија, која со работа стартуваше денес.
Презентиран првиот специјализиран сајт за онлајн купување во регионот – kelepur.mk