Од денес,учениците од сите основни училишта во Охрид, од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите, можат бесплатно да го користат лизгалиштето на мраз на градскиот плоштад, информираат од локалната самоуправа.
Според подготвениот распоред, денес бесплатно да лизгаат имаат можност учениците од ОУ „ Братство и единство“, утре основците од „Св. Климент Охридски“, а наредниот ден учениците од „Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари, бесплатните часови за лизгање се резервирани за учениците од „Христо Узунов“, во вторник од „Ванчо Николески“, во среда од „Живко Чинго“, во четврток од „Св. Наум Охридски“, а во петок од „Григор Прличев“.
– Ваквата акција на бесплатно лизгање за основците во утврдени термини на ротациона основа продолжува и во останатите денови од месец јануари, велат од локалната самоуправа.
Покрај за основците, Општина Охрид обезбеди бесплатно користење на лизгалиштето и за децата од социјално ранливите семејства и од Здружението на деца заболени од дијабет.
OhridNews