Скутерите на Охридското Езеро од денеска ќе пловат час пократко, а ограничување ќе има и за кајчињата
Oграничувањето на пловидбата за скутерите ќе трае до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот секој ден, што е за еден час подолго отколку минатата година.
Од оваа година ограничување на пловидбата има и за кајчињата на Охридското Езеро. Одлуката предвидува кајчињата и другите помали чамци кои не се регистрирани такси превозници нема да можат да пловат во езерото во периодот од 1-ви јули до 31-ви август во времето од 21,00 до 05,00 часот секој ден.
Покрај во вода забрана од денеска ќе има и на суво. Согласно одлуката на владата од 1 јули, на патниот правец Гостивар-Охрид-Гостивар, стапува на сила ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони.
Ограничувањето на движењето се однесува на викендите односно во петок од 15:00-24:00 часот, а сабота и недела во периодот од 07:00-24:00 часот.
Овој режим на движење ќе важи до 1 Септември 2013 година.