Се забранува запирање и паркирање на дел од улицата „Македонски просветители“, информираа од Ј.П. „Билјанини Извори“.

Поради изведување на градежни работи на ул. „ Македонски Просветители “ (втора фаза) на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „ Димитар Влахов“ до крстосницата со улица „Партизанска„ (позади ТЦ Амам) од денес 31.01.2022 година на наведениот потег се забранува запирање и паркирање на моторни возила и поради тоа ние од денес нема да се врши наплата на паркинг просторот на тој дел од улицата “Македонски Просветители”, велат од Ј.П. Билјанини Извори.

Од претпријатието апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

 

OhridNews