Од денес започнува социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. На првата вечер посетителите ќе може да ја погледнат изложбата насловена „Вежџа“ на Нуркачкиот центар Акватек и концертот на групата „Фузија“.
Изложбата ќе биде поставена во 19 часот на „Кеј Македонија“, пред хотел „Палас“ каде ќе се одржи и концертот со почеток во 21 часот.
Следниот ден, 28 август, програмата започнува со изложбата „Видови риби во Охридско Езеро“ на ЗРР „Св. Апостол Петар“ со почеток во 19 часот, по што следуваат концерт на Распеано рибарче во 19:30 часот, промоција на пливачи на Охридскиот маратон во 20:30 часот и проекција на документарниот филм „70 години маратонско пливање“ во 21 часот.
На 29 август предвидени се настаните 30 години УНДП во С. Македонија со почеток во 19 часот и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“ на Клубот за подводни дејности Охрид со почеток во 19 часот.
Н.С.Ј.